Челси е во незадоволство поради одлуката на Монако да се откаже од трансферот на Ламин Камара во последен момент. Сенегалецот требаше да биде замена за Енцо Фернандез, а за зделката од 55 милиони евра веќе биле потпишани потребните документи и закажани лекарски прегледи.
Според извори, Монако сакал да продаде само еден од Камара или Флоријан Балогун, и откако обновиле преговори со Евертон за Балогун, го откажале трансферот на Камара. Ситуацијата стана уште покомплицирана кога Балогун на крајот одби да се пресели во Евертон, по што пропаднаа двата трансфери.
Челси имал можност да го откаже рекордниот трансфер на Енцо Фернандез во Манчестер Сити за 145 милиони евра, но клубот од „Стемфорд Бриџ” одлучи да го испочитува дадениот збор, и покрај создадената тешка ситуација.


