Во Хамбург, 23 лица доживеаја стресно искуство при посетата на саемот, откако рингишпилот “Nordic Tower” ненадејно престанал да функционира.
Инцидентот се случи на “Hamburger Dom”, каде што атракцијата запрела на височина од 25 до 30 метри. Според информации од германските власти, дефектот се случил околу 21 часот.
Пожарникари и спасувачи веднаш пристигнаа на местото на настанот. Вклучени беа и специјализирани екипи за спасување од височина, а патниците добија ќебиња поради намалувањето на температурите навечер.
Спасувачите, во соработка со операторот на атракцијата, работеле на повторно активирање на системот. По околу 90 минути, рингишпилот беше активиран во итен режим, а сите 23 патници беа спуштени на земја. Вкупната интервенција траеше околу два часа, при што патниците поминаа речиси три часа во ситуација на неизвесност.
На среќа, никој не беше повреден, а лекар на местото прегледа сите присутни, по што не беше потребно нивно пренесување во болница. Сега е потребно да се истражи причината за дефектот, а надлежните најавија дополнителна техничка проверка, вклучително и од TÜV.
„Nordic Tower“ е еден од највисоките мобилни рингишпили во Германија, со висина од околу 70-80 метри.


