Тешката несреќа со електричен тротинет имала последици на Дијана Радоњиќ, позната како Дијана Дилине. По падот, таа се соочила со бројни повреди и долготраен процес на опоравување, за што сега отворено зборува со своите следбеници.
При инцидентот, Дијана ја скршила вилицата и останала без осум предни заби. Повредите биле значајни и барале сериозни медицински и стоматолошки интервенции.
Како дел од третманот, стоматологот ги отстранил осумте заби, кои биле скршени во коренот, а потоа следела операција со поставување на пет импланти во горната и долната вилица, со отварање на непцата.
Дијана не крие тешките моменти кои ги поминува. Таа одлучила да сподели дел од своето искуство и во најтешките времиња се обидува да задржи дел од својот препознатлив хумор.
„Ќе поминат и овие маки и беззабоста. Секунда невнимание ми донесе многу проблеми, а дури и парализа на половината од лицето“, напишала Дијана.
Таа исто така шегувајќи се за својот сегашен изглед, го опишала како “отечена и модра – како Дракула”.
И покрај сите болки, операции и долгото опоравување, Дијана остава надеж и очекува да може повторно да се насмевне без последици од несреќата.
Нејзината приказна е потсетник дека понекогаш, само една секунда невнимание може да го промени секојдневниот живот.


