Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт признава дека прикажаниот луксузен живот на социјалните мрежи не е тоа што изгледа. Неговите адвокати истакнуваат дека дел од скапите возила и јахтата, кои редовно се појавуваат во нивните видеа, всушност биле изнајмени.
Во судскиот поднесок, адвокатскиот тим на Тејт и неговиот брат Тристан потврдиле дека тие не се сопственици на скапите автомобили, како што се „Астон Мартин“ и „Бугати“, чие вредност се проценува на милиони долари. Наместо тоа, автомобилите се користеле во промотивни цели, а јахтата била платена за да се прикажува на интернет.
Според одбраната, Тејт и неговиот брат создале впечаток за екстремно богато живеење, бидејќи нивниот бизнис зависи од вниманието на социјалните мрежи. Тие тврдат дека колку поекстремни и провокативни биле нивните објави, толку повеќе прегледи и заработка можеле да генерираат.
Овие откритија доаѓаат во време кога браќата се соочуваат со правни проблеми и се во притвор во Мајами, поради барање за екстрадиција во Велика Британија, каде што им се ставаат сериозни обвиненија за сексуални престапи и трговија со луѓе. Тие ги негираат овие обвиненија.


