in

ФОТО: Бред Пит се подмлади покрај 31-годишната девојка

Љубовта на секого влијае различно. За Бред Пит, тоа е враќање во ретро ерата преку смелите модни комбинации. Покрај љубовната хармонија, Бред Пит и 31-годишната Инес де Рамон ја негуваат и модата. Познатиот актер во секоја прилика се обидува да се прилагоди на модните избори на убавата бринета.

На почетокот на оваа недела, Бред Пит беше забележан во Њујорк со Инес на романтична вечера, каде актерот се појави во модно изданија кое црпи инспирација од 70-тите. Познатиот оскаровец ја долови атмосферата на оваа модна ера со путер жолт костум со ѕвонарки и ретро детали како црн раб.

Изгледа дека Бред навистина ја прифаќа својата новооткриена низа на ексцентричност. Викендот пред тоа, Бред се појави во уште една ретро шик комбинација. Актерот се одлучи за црвено-бели ѕвонарки и кошула со длабок врат. Изгледот го комплетираше со очила за сонце, ланче и патики.

Нивните појавувања во Њујорк предизвикаа бура од коментари, а многумина се согласуваат дека Инес, покрај младоста и шармот, внесе и нова енергија во животот на Бред. Дали таа е заслужна за неговиот свеж и младешки изглед или тоа е резултат на интензивните подготовки за нов филмски проект, останува да видиме.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Почина актерот Џејмс Ерл Џонс кој го позајми гласот за славните „Дарт Вејдер“ и „Муфаса“

Салма Хајек откри како е да се работи со Џоли