Сточарот Тасин Усејнов од општина Чашка доживеа сериозна несреќа откако гром усмрти 107 овци од неговото стадо.
Инцидентот се случил во средата, кога громот удрил во стадото, оставајќи многу животни мртви. По овој настан, Усејнов се обратил до Сојузот на одгледувачи на овци, кој го извести соодветните институции.
Загубата на над стотина овци е голем финансиски удар за семејството на Усејнов, бидејќи одгледувањето овци е нивен главен извор на доход.
Од Сојузот се повикуваат институциите да му помогнат на Усејнов во ублажување на последиците од оваа несреќа и да продолжи со својата сточарска работа.
Министерството за земјоделство е известено за случајот и најавија дека ќе ги разгледаат можностите за поддршка за сточарот, кој во миг изгуби значаен дел од своето стадо.
Овој инцидент повторно ја отвора темата за поддршка на сточарите кои страдаат од големи загуби поради природни непогоди.

