in

ИМА 60 ГОДИНИ, А ИЗГЛЕДА КАКО ДА ИМА 30! ЧУАНДО ТАН ПОВТОРНО ВО ВНИМАНИЕТО СО СВОЈОТ ИЗГЛЕД!

Чуандо Тан, сингапурскиот модел и фотограф, продолжува да го впечатува светот со својот млад изглед. На 3 март 2026 година, тој наполни 60 години, но неговите фотографии и натаму предизвикуваат неверување на социјалните мрежи.

Неговата приказна стана глобален феномен во 2017 година, кога почнаа да циркулираат фотографии од неговиот профил. Тогаш Тан беше на 51 година, но изгледаше значително помлад, добивајќи прекар „човекот кој не старее“.

Според неговите зборови, зад неговиот изглед стојат дисциплина, физичка активност, балансирана исхрана и оптимистички поглед на животот. Сепак, Тан истакнува дека старее како и сите остални и дека не постои магична формула за запирање на времето.

Покрај моделството, Тан има и успешна кариера како фотограф, а неговиот младешки изглед и понатаму е тема за разговор. И покрај тоа што има 60 години на личната карта, мрежата сè уште не му верува.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Никола Поповиќ се плаши од комарци: Договорот со Боби е необичен

Жената која живеела во три века: Маргарет Ен Нив