Британско-нигерискиот инфлуенсер и бизнисмен Иго „Тајни“ Убирибо починал на 43-годишна возраст по зафаќање за зголемување на пенисот во Тајланд.
Според извештајот на мртвозорникот, Убирибо развил потенцијално фатална белодробна емболија по примање на хијалуронска киселина и лидокаин за време на интервенцијата.
По постапката, тој почувствувал интензивна болка во градите и се срушил. Лекарите се обидувале да го реанимираат повеќе од 100 минути, но не успеале да му го спасат животот.
Тој починал на 6 март, а неговата смрт е официјално потврдена по истрагата.
Овој случај повторно отвора дебата за ризиците поврзани со козметичките процедури, особено оние кои вклучуваат инјектирање во чувствителни делови од телото.


