in

Ирена Спировска открива за магијата на „Охрид Фест“: „Спојот на убавата песна и амбиентот создава навистина посебен впечаток!“

По три децении активно учество пред камерите и бројни настапи во музички емисии и на фестивали, Ирена Спировска повторно е дел од „Охрид Фест – Охридски трубадури“, овојпат како водителка на Фолк-вечерта на 33-тото издание на фестивалот.

Независно од тоа што нејзината поврзаност со овој фестивал започна во 2023 година, кога ја водеше Фолк-вечерта на јубилејното 30-то издание, таа се наметнува како препознатливо лице во годините кои следуваа. Низ долгогодишното искуство во медиумите и на фестивалите, Ирена покажува длабоко разбирање за музиката и публиката.

Во интервјуто со нас, Ирена сподели сеќавања од фестивалската сцена и атмосферата на Долни Сарај, откривајќи што значи повторно да биде домаќин на еден од најзначајните фестивали во регионот.

На прашањето што за неа значи „Охрид Фест“, таа истакна дека фестивалот, со децениска традиција, се одржува по 33-ти пат и успеал да се задржи дури и за време на пандемијата. Спировска верува дека разумно одбраните композиции и учеството на значајни пејачи го прават фестивалот важен дел од македонската фолк сцена, додека уникатниот амбиент на Долни Сарај допринесува за неговата посебност.

Таа додава дека добрите автори секогаш знаат како да допрат до срцата на публиката, а „Охрид Фест“ имал голем број на хитови. Ирена истакнува дека важна е емоцијата која песната ја буди кај слушателите и посочува дека постојат композиции кои веднаш ја освојуваат публиката, додека за некои потребно е време.

Спировска верува дека „Охрид Фест“ е мил за изведувачите и авторите поради магичниот амбиент на Охридското езеро и отворената сцена, што создава неповторлив впечаток кога се изведува убава песна. Таа додава дека фестивалот успешно негува автентичноста на македонската народна музика, комбинирајќи ја со современи аранжмани за да допре до помладата генерација.

Со нетрпение го очекува новото издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“ 2026, кое ќе се одржи на 26-ти август. Композициите се одбрани со внимание, сцената ќе биде гламурозна, а најдобрите фолк изведувачи ќе бидат присутни. Ирена тие очекува уште една незаборавна вечер, а оние што не можат да присуствуваат ќе имаат можност да го следат фестивалот преку директен пренос на Македонската телевизија.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сабрина Карпентер испрати емотивна порака за Доли Партон: „Твојот сјај светот секогаш ќе го бара!“

Денеска се откриваат последните четири учесници во Лигата на шампионите!