in

Канцеларискиот ден е 8 часа, но вистинската продуктивност е помала од 3 часа дневно!

Иако стандардниот работен ден трае осум часа, истражувањата покажуваат дека канцелариските работници во просек навистина работат само 2 часа и 53 минути продуктивно.

Ова укажува на тоа дека значителен дел од времето на работа не е насочен кон задачите. Многу често, вниманието се одвлекува со активности кои изгледаат како кратки паузи, но во текот на денот можат да заземат голем дел од времето.

Најчестите „крадци на време“ вклучуваат социјални мрежи, читање вести и интернет сурфање, заедно со разговорите со колегите, паузите и проверувањето на личните пораки, активностите кои го нарушуваат работниот ритам.

Истражувањето укажува дека проблемот не е само во недостатокот на работно време, туку и во тоа колку од него навистина се искористува за ефикасна работа.

На тој начин, осумчасовниот работен ден за многу канцелариски работници станува комбинација на работни обврски, кратки паузи и активности кои ги одвлекуваат од работа.

Овие резултати повторно отвараат прашањето за продуктивноста на работното место и дали подолгото поминато време во канцеларија навистина резултира со поголем учинок.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Осумгодишно дете повредено во сообраќајна незгода со детски мотор

Една песна, двајца уметници и многу мистерија: Саша Мирковиќ откри детали за проектот „Менаџер“!