in

Малиот Дамјан по 93 дена во болница конечно се враќа дома!

Малечкиот Дамјан успеа да ја победи својата најзначајна битка! По 93 дена поминати во болницата, исполнети со неизвесност, стравови, молитви и надеж, храбриот младиќ конечно се враќа дома во прегратките на своето семејство.

Дамјан, роден предвремено во 28. гестациска недела со само 920 грама, од првиот ден се соочуваше со многу предизвици, но покажа неверојатна сила и желба за живот. За време на овие денови, исполнети со грижа и неизвесност, малото момче храбро се бореше за секој нов ден, покажувајќи дека и најмалите можат да бидат вистински херои.

Денес, по речиси три месеци исполнети со емоции, Дамјан напоследок ја напушта болницата со тежина од 1.950 грама и се враќа таму каде што припаѓа – во топлиот дом, покрај мама Емилија, тато Трајче и неговиот постар брат Марио.

Оваа приказна е посебна и поради тоа што Марио, неговиот брат, пред 12 години се соочил со сличен животен предизвик. И тој, роден предвремено во 30. гестациска недела со само 1.180 грама, денес е големо момче и ќе може да биде потпора, заштитник и пример за својот помал брат.

Зад семејството стоеја денови исполнети со стравови и надеж дека сè ќе заврши добро. Но, денес, тие стравови се заменети со радост од повторната заедница и среќата што нивниот мали борец конечно се враќа дома.

Дамјан, кој можеби започна како мало зрнце надеж, сега заминува како вистински победник!

Нека му е среќен патот кон домот! Да расте жив, здрав, насмеан и опкружен со љубовта на своите најблиски. Неговата приказна е потсетник дека понекогаш најголемата храброст доаѓа во најмалите тела, а најголемите победи се оние што се слават со семејството.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Инфантино му се извини на Советот на ФИФА, но доби остри критики за неговото раководење!

Хари и Меган за првпат заедно во јавноста по враќањето во Велика Британија