in

Манчестер Сити со нова убедлива победа: Халанд и Черки постигнаа по два гола против Кристал Палас

Манчестер Сити забележа втора победа во Премиерлигата, совладувајќи го Кристал Палас со резултат 4:1 на гости. По тешкотиите во првото коло, „граѓаните“ овојпат немаа проблеми, ја обезбедија победата во текот на првото полувреме.

Халанд и Черки беа клучни играчи во овој натпревар, со по два постигнати гола. Норвежанецот отвори со гол во 17. минута, по асистенцијата на Семењо, кој удираше со глава.

Черки зголеми на 2-0 со прецизен удар од шеснаесетникот. Неизвесноста кратко се врати по автоголот на Донарума, кој се случи само две минути подоцна, кога топката од слободен удар удри во стативата и заврши во неговата мрежа.

Черки повторно ја зголеми предноста на 3-1 во 59. минута, а Халанд ја заврши работата со четвртиот гол во самиот крај на натпреварот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Неверојатна приказна за пријателство: Пријателот го носел Дастин 500 милји за да го оствари неговиот сон

Евче се расплака од радост по концертот на Д Викенд во Шпанија