in

Марија Шерифовиќ завршила во болница поради оваа диета

Пејачката видно ослабе, но една диета за малку ќе ја чинеше здравје. Станува збор за диета во која се исклучува внесот на шеќери и јагленохидрати, а се јаде само месо.

Една од најдобрите вокали на регионалната јавна сцена, Марија Шерифовиќ, ги откри деталите од строгата диета која ја држела цели 22 дена. Тоа било дел од подготовката за снимање видеа од последниот албум.

– Бев на исклучително строга диета 22 дена пред почетокот на снимањето на видеото. На ред дојде првиот спот што јас и Матија Цвек го снимавме за песната „Пола сунца“, а потоа наши пријатели  испратија кетеринг и имаа многу добри уштипци – изјави Марија во емисијата „Блиц дан“, па додаде:

– Изедов само еден, дојдов дома, а следниот ден го снимав спотот за песната „Иди док те волим“. Заспав околу 23 часот, а околу еден час по полноќ ме разбудија страшни болки во стомак. Повраќав и се што оди со тоа, отидов на ноќно дежурство во болница, добро сите знаеме за што станува збор. А потоа околу четири часот задремав. Во текот на ноќта се будев и бев бледа како крпа“ – истакнува пејачката.

Дека здравствената состојба на Марија била навистина сериозна зборува и тоа што таа завршила на инфузија.

– Ми дадоа инфузија, клометол… Не знам ни што ми направија, тоа беше можеби еден од најтешките денови во мојот живот. Мислев дека нема да преживеам – заклучи Шерифовиќ.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Прстените на Елвис Присли на аукција

ВИДЕО: Розга одмараше во Македонија