in

Марија Спасовска со нова песна „100 промили“: љубовната возбуда како алкохол во крвта!

Македонската пејачка и текстописец Марија Спасовска ја претстави својата нова песна „100 промили“, која е дел од нејзиниот дебитантски албум „Седатив“.

Песната е написана и компонирана од самата Спасовска и носи современ поп-звук, со влијанија на ар-ен-би и побавни танцувачки ритмови. Темата на песната е љубовта на прв поглед и емоциите предизвикани од неочекуваната средба со некоја личност.

Спасовска стана позната по своето учество на Детскиот избор за песна на Евровизија во 2018 година, каде што ја претставуваше Македонија со песната „Дома“ во Минск, Белорусија. Таа се занимава со музика од раното детство и имала настапи на разни домашни и меѓународни музички фестивали. Пејачката продолжува да промовира материјал од албумот „Седатив“, во кој е автор на музиката и текстовите.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Охридски книговезец ја чува традицијата на стар занает

Лина Пејовска се враќа на сцената со нов албум!