in

Нови информации за трагичната несреќа во Словенија: Загинати деца на 4 и 11 години и 74-годишна жена

По тешката сообраќајна несреќа на автопатот А1 во Словенија, во која загинаа тројца македонски државјани, се појавија нови детали за трагичниот инцидент.

Според словенечките медиуми, жртвите вклучуваат две деца, на 4 и 11 години, како и 74-годишна жена. Сите тие потекнувале од селото Житинени во Општина Центар Жупа, а семејството живеело во италијанскиот град Равена.

Министерството за надворешни работи потврди дека во возилото имало вкупно пет македонски државјани, од кои тројца загинале, а двајца се повредени.

Според дополнителните информации, несреќата се случила откако камион застанал во просторот за запирање поради дефект. Автомобилот во кој се превезувале македонските државјани, од засега непознати причини, удрил во задниот дел од приколката.

По несреќата, на местото веднаш пристигнале медицински екипи, но за тројца лица немало спас. Еден од повредените бил во тешка состојба и пренесен со хеликоптер во болница, додека возачот бил транспортиран со амбулантно возило.

Општина Центар Жупа изрази длабоко жалење за трагедијата. Градоначалникот Аријан Ибраим упати сочувство до семејството и истакна дека жителите се потресени од загубата.

Македонската амбасада во Љубљана продолжува да биде во контакт со словенечките институции и го следи текот на случувањата, додека надлежните полициски органи во Копер го истражуваат случајот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Драгана Спасовска позира во бикини и коментира: „И подобра сум од неа!“

Саша Мирковиќ ја поддржа Лидија Вукичевиќ: „Не дозволувајте да стане мета!“