in

ОСУМ ГОДИНИ БЕЗ ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ: Македонската сцена ја чува неговата легенда!

На денешен ден, 25 август, се навршуваат осум години од смртта на Ванчо Петрушевски, еден од најзначајните македонски актери. Петрушевски почина во 2018 година, на 67-годишна возраст, како резултат на трагичен несреќен случај во Орешани.

Роден на 19 април 1951 година во Скопје, по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри, во 1975 година се приклучува на ансамблот на Драмскиот театар во Скопје. Неговиот талент првпат блеска во претставата „Ослободување на Скопје“.

Во текот на својата долга кариера, Петрушевски остави неизбришлив траг во театарот, филмот и телевизијата. Публиката го памти по бројните улоги, но особено по култниот лик Рамче од „Македонски народни приказни“, кој му донесe немерлив успех преку генерации. Исто така, се појави во значајни театарски продукции како што се „Дупло дно“, „Собирен центар“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Тетовирани души“ и „Буре барут“.

Неговите актерски способности беа признати со бројни награди, вклучувајќи ја и „Димче Трајковски“ за улогата на Јаков во „Дупло дно“, како и наградата на фестивалот „Војдан Чернодрински“ за улогата на Јанко во „Собирен центар“. Во 1987 година, читателите на „Вечер“ му ја доделија наградата за најпопуларно ТВ-лице, а во 1988 година ја доби и наградата за најдобро артистичко остварување во филмот и телевизијата според анкетата на „Екран“.

Петрушевски беа активен и во проекти надвор од театарот, а неговата љубов кон сликарството исто така беше позната. Последниот негов ангажман на сцена беше во претставата „Буре барут“.

На 25 август 2018 година, Петрушевски трагично го загуби животот во својата викендичка во Орешани, а причината за смртта беше наведувана како струен удар.

И осум години подоцна, неговите ликови, хуморот и уникатната актерска енергија сè уште живеат во спомените на публиката. За многумина, Ванчо Петрушевски не беше само актер, туку и значаен дел од развојот на телевизијата и театарот кај многу генерации.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Џејла Рамовиќ летово имаше настапи низ регионот

Весна Змијанац со голем концерт во Скопје на 28 ноември!