in

Пар од Филипините се венчаа во поплавена црква, невестата го скрати фустанот за да стигне до олтарот

Ниту поплавата не успеа да го спречи еден пар од Филипините да ја одржи својата венчавка.

Леиан Лиеза Галанг и Гилберт Чико се венчаа на 1 септември во црквата „Свети Јован Крстител“ во Хагонoј, во провинцијата Булакан, иако храмот беше целосно поплавен, со вода која достигнуваше до колковите.

Црковните власти им препорачале да ја одложат церемонијата поради бедствената ситуација, но парот решил да продолжи со своите планови.

Невестата, во бела венчаница и со букет бели цвеќиња, внимателно минуваше низ матната вода за да стигне до олтарот, при што се прилагоди за полесно движење, скратувајќи го долгиот шлеп на фустанот.

Парот пристигнал до црквата со возило со подигната каросерија, за нивната облека да остане сува што е можна. Церемонијата била кратка и се одржала со помалку од 15 гости.

Фотографиите и видеото од венчавката брзо се распространија на социјалните мрежи, а сцените од невестата како се движи низ поплавената црква изгледаат како од некој филм.

Иако условите биле далеку од идеални, за Леиан и Гилберт најважно било да го кажат своето „да“, без оглед на потешкотиите пред нив.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

АРЕНА Спорт и Веслачкиот сојуз на Србија за нови успеси во веслањето