in

Почина Јајои Кусама, иконска уметница позната по полка точките

Јапонската уметница Јајои Кусама, која важи за една од највлијателните личности во современата уметност, почина на 97 години.

Музејот „Јајои Кусама“ и галеријата „Дејвид Цвирнер“ ја потврдија нејзината смрт на 26 август, додека Кусама починала во Токио на 14 август.

Родена во Мацумото, Јапонија, во доцните 1950-ти години, се преселила во Њујорк, каде што достигнала голема популарност на авангардната уметничка сцена.

Во текот на својата триумфална кариера, Кусама работела во различни области, вклучувајќи сликарство, скулптура, перформанс, инсталации, литература и поезија. Нјзиниот специфичен визуелен стил, особено со полка точките, тиквите и огледалните простории, ја направи една од најпознатите уметници во светот.

Нејзините познати „Infinity Mirror Rooms“ („Бесконечни огледални соби“) станаа симбол на современата интерактивна уметност, овозможувајќи посетителите да станат дел од самото уметничко дело.

Кусама остави неизбришлив траг и на поп-артот и во перформанс-уметноста, а нејзиниот начин на размислување за просторот, повторувањата и бесконечноста продолжува да влијае на новите генерации на уметници.

Со нејзината смрт, уметноста губи една од најпрепознатливите и влијателни фигури во современиот свет.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Фенербахче со победа во Лион до Лига на шампиони

Доли Партон остави тајна песна која ќе биде откриена во 2046 година