Томас Волкуп, грчко-американски кошаркар, реши да направи голем и важен потег во врска со неговиот љубовен живот пред почетокот на сезоната во Евролигата.
Плејмејкерот на Олимпијакос ја искористи приликата и ја запроси својата долгогодишна девојка Естрела Нури, која е актерка, пејачка и модел, на бајковито место покрај морето.
Нури, која често се појавува во реклами и на насловните страници на познатите магазини, кажа „да“ и со тоа отвори ново поглавје во нејзиниот живот и во животот на нејзиниот љубовен партнер.
Волкуп местото за запросувањето го избра да биде на островот Милош во Грција, се се одвиваше токму покрај море, а во најубавите моменти околу нив имаше ливчиња од рози и неколку музичари кои го разубавија целиот настан.
Летово Естрела беше и во Париз, каде го придружуваше Волкуп на Олимписките игри и често објавува фотографии со него на социјалните мрежи.
Естрела има неверојатни милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, додека нејзиниот вереник оваа сезона со Олимпијакос ќе има одлична можност да атакува на титулата во Евролигата.