in

Сека Алексиќ се емоциоанлно расплака на полнолетството на Атина Тошиќ! „Мојот 18. роденден беше многу тажен“

Screenshot

Сека Алексиќ беше дел од прославата која Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ја организираа за роденденот на нивните ќерки, Атина и Ника. Со својот впечатлив изглед, таа веднаш го привлекла вниманието по пристигнувањето.

За овој настан, Сека се одлучила за долг сив фустан со уникатен крој, нагласено деколте и смел шлиц. Својот стајлинг го надополнуваше со долги црни проѕирни ракавици, впечатлива огрлица и металик чанта, а долга црна коса ѝ паѓаше рамно по рамениците.

Сека им посака на славеничките здравје и среќа, истакнувајќи дека тоа е најважното за нив. „Им посакав здравје и среќа, тие веќе имаат сè друго“, изјави пејачката.

Но, разговорот доби различен тон кога се присети на сопственото полнолетство. „Мојот 18. роденден беше многу тажен, немам убави спомени“, искрено призна Сека.

Додека Атина започнува ново поглавје во животот, опкружена со семејството и пријателите, Сека нагласи како емоциите поврзани со истиот датум можат да бидат сосема различни.

И покрај нејзините тагувања, Сека на прославата пристигна насмеана и на Атина и Ника им посака она што, како што вели, е од неотценлива вредност – здравје, среќа и исполнување на желбите.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Боки 13 ги охрабри Атина и Ника со модни подароци, но размислуваше за Дивна Карлеуша