Селин Дион е во одлично расположение пред своето враќање на сцената. Пејачката ги израдува своите фанови во Париз, кога излезе од хотелот и помина време со нив.
Таа разговараше со обожавателите, им се насмевнуваше, а во еден момент дури запеа и танцуваше со нив, откако пред хотелот беше пуштена нејзината песна „Pour que tu m’aimes encore“.
Нејзините средби со навивачите доаѓаат во време кога активно се подготвува за своето големо враќање. Дион веќе ги започна пробите во Plenitude Arena, каде што од 12 септември ќе одржи серија од 16 концерти во рамките на нејзиниот париски ангажман.
Возбудата пред хотелот е голема, фановите со часови ја чекаат, а Селин, иако не дава интервјуа, наоѓа време да разговара со нив и да сподели кратки моменти на музика.
Нејзиното прво големо шоу во Париз е закажано за 12 септември, а интересот за концертите е огромен.

