Холивудската актерка Сидни Свини повторно привлекува внимание со своето ново рекламирање, во кое се појавува без облека на горниот дел од телото.
Во најновото видео, Свини е облечена само во долна облека, а со провокативниот настап успеа да шокира многумина. Видеото е дел од кампањата во која овој пат позира речиси гола, користејќи различни предмети за да се покрие.
Нејзиното појавување повторно предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а корисниците активно дискутираат за нејзиниот смел стил и модни одлуки, кои често стануваат топ тема во јавноста.

