Воен видео од Украина повторно стана хит на социјалните мрежи. На снимката, за која се претпоставува дека е направена од бразилски доброволец, се гледа како војник лежи неподвижно на земјата, додека тенк поминува непосредно над него.
Според информации во објавите, борецот се сокрил во висока трева и легнал на земја, додека оклопното возило се приближувало, снимајќи од ниска перспектива што дополнително ја зголемува напнатоста на моментот.
Во тој критичен момент, со тенкот над него, човекот останува целосно неподвижен. Снимката демонстрира колку опасно може да биде во непосредна близина на фронтот.
Видеото се споделува на различни профили на социјалните мрежи, при што се наведува дека станува збор за бразилски борец во конфликтот меѓу Русија и Украина. Сепак, нема независна потврда за времето и локацијата на снимката, ниту околностите во кои е направена.
Екстремната близина на тенкот до борецот предизвика многу реакции на интернет, и покажува колку непредвидливи и опасни можат да бидат условите за оние кои се на предната линија.


