in

ТАЈЛАНД го намали времето за безвизен престој за европските туристи на 30 дена!

Туристите од Европската Унија кои планираат патување во Тајланд треба да знаат дека од 15 септември максималниот период за безвизен престој е намален од 60 на 30 дена.

Оваа измена се однесува на лица од над 60 земји и територии, а тајландските власти ја образложуваат со потребата за поголема контрола на странските посетители, по појавата на инциденти поврзани со прекршувања на законите.

Во последно време, локалните власти регистрирале случаи на шверц, трговија со дрога и луѓе, како и странци кои работеле без соодветни дозволи.

Досега, граѓаните на повеќе од 90 држави имаа право на безвиза вход и престој до два месеца, вклучително и 29 држави од шенген-зоната.

Новите правила нудат и опции за оние кои сакаат подолг престој. Туристите можат да побараат продолжување на дозволениот престој, но конечната одлука ја носи имиграцискиот службеник.

Постојат и визи за специфични посетители, кои дозволуваат престој до 180 дена, но за тоа е потребен финансиски доказ на банкарска сметка во висина од најмалку 500.000 тајландски бати, односно околу 13.000 евра.

Промените се воведуваат во момент кога Тајланд се обидува да го зајакне туристичкиот сектор, кој придонесува со повеќе од 10 проценти во бруто-домашниот производ на земјата. Од почетокот на годинава, Тајланд ја посетиле околу 21 милион странски туристи, што е пад од околу 3% во однос на претходната година.

Овие новини значат дека европските патници треба да внимателно планираат колку долго ќе останат и да се информираат навреме за условите ако сакаат да бидат во Тајланд подолго од еден месец.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Луна WTF Ужива во Летото со Нов Албум