Италијанскиот рапер Тони Ефе откри поинаква страна од својот живот, споделувајќи моменти со својата ќерка Присила и партнерката Џулија Де Лелис. Тој со кратка и емотивна порака го честиташе првиот роденден на малата Присила, која привлече внимание кај јавноста.
„AUGURI AMORE DI PAPÀ, SEI LA NOSTRA VITA“ – напиша тој, што во превод значи: „Среќен роденден, љубов на тато. Ти си нашиот живот“. Фотографиите од нивните заеднички моменти откриваат длабока љубов и покажуваат каква важност има Присила во животот на Тони Ефе.
Парот стана родители во октомври 2022 година, а нивната ќерка го прослави својот прв роденден со семејни фотографии и емотивни пораки на социјалните мрежи. Додека јавноста често ги набљудува поради нивниот приватен живот, сега во фокусот е љубовта кон нивната малечка и уникатната врска помеѓу таткото и ќерка си.

