in

ТРАГЕДИЈА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ НЕПАЛ И КИНА: Расте бројот на жртви, скоро 4.800 лица исчезнати!

Катастрофалните поплави и лизгањата на земјиштето на границата помеѓу Непал и Кина продолжуваат да ја зголемуваат бројката на жртви.

Шест дена по трагедијата, загинатите се зголемија на најмалку 919, додека приближно 4.800 луѓе се сметаат за исчезнати.

Според последните информации, во Непал потврдени се 903 смртни случаи, а 4.247 лица се водат како исчезнати, од кои 592 се странски државјани. На кинеска страна, во тибетскиот регион, се пријавени уште 16 жртви и 546 исчезнати, што вкупно го зголемува бројот на исчезнати на 4.793.

Спасувачките екипи активно работат на пронаоѓање на исчезнатите, но условите на теренот се исклучително тешки. Голем број патишта и инфраструктура се уништени, а пристапот до најпогодените области е значително отежнат.

Посебна загриженост е свртенa кон стотиците работници кои можеби останале заробени во тунели на хидроенергетски објекти. Непалските власти проценуваат дека со овие тунели би можеле да бидат поврзани околу 933 работници. Спасувачите користат тешка механизација и контролирани експлозии за да го отстранат големиот број кал и урнатини што ги блокираат пристапите.

Меѓу исчезнатите се наоѓаат лица од повеќе од 30 земји, вклучувајќи работници, туристи и верници, што дополнително ја комплицира потрагата и идентификацијата.

Спасувачките операции продолжуваат, а властите се стремат да стигнат до оние кои можеби се уште живи под урнатините и затворени во тунелите.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ТРАГИЧЕН ИСХОД: Мртви мајка и син пронајдени во Ниш по силен мирис

1 СЕПТЕМВРИ: НОВА УЧИЛИШНА ГОДИНА, НОВИ ПОЧЕТОЦИ И ГОЛЕМИ СОНИШТА!