in

Трагичен случај во Идризово: затвореник починал по контакт со електрична жица

Во Казнено-поправната установа „Идризово“ се случи трагичен настан, при што 42-годишен затвореник го загуби животот откако се искачил на бандера и дошол во контакт со жица под електричен напон.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот е пријавен на 29 август во 14:43 часот. Случајот се случил во внатрешниот дел на установата.

Затвореникот Н.И. (42), од селото Тебреште, се качил на бандера и, за жал, се фатил за жица која била под струја, по што паднал.

На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, но лекарот само ја потврдил смртта.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно истражување на случајот и утврдување на околностите кои довеле до трагедијата.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Жената која живеела во три века: Маргарет Ен Нив

ТЕШКО НЕВРЕМЕ ВО КИПАР: Потонаа две јахти и се преврте траект со 267 патници!