in

Трагична несреќа на патот Охрид-Кичево: Возачот загина откако возилото се запали по удар во кучиња

Синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид–Кичево, по што патничко возило удрило во скитнички кучиња и потоа се судрило со металните браници, по што се запалило.

Случајот бил пријавен во СВР Охрид во 23:30 часот на 2 септември. Според полицијата, учесник во несреќата било возилото „Хјундаи Гец“ со охридски регистарски ознаки.

По инцидентот, екипа од Територијалната противпожарна единица од Охрид изгаснала пожарот, но во возилото било пронајдено телото на возачот, кој не успеал да преживее.

На наредба на јавен обвинител, телото било испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, за утврдување на идентитетот на починатиот.

На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид, а сообраќајот бил пренасочен по регионалниот пат Охрид–Струга за време на увидот. Полицијата продолжува со истражувањето на околностите на трагичната несреќа.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Две лица пронајдени мртви во Скопје по пријавата за исчезнување

Денес, на празникот Свети Тадеј, направете ЕДНА работа за заштита на домот од несреќи!