Во шпанскиот град Ајна, во провинцијата Албасете, се случи трагичен инцидент, при што 64-годишна жена загина за време на традиционалната трка со бикови, дел од локалните празници.
Случајот се одиграл во саботата околу 10:55 часот, кога жената била во близина на заштитната ограда. Според информациите од локалните власти, таа почнала да се движи во спротивна насока од биковите и едно од животните ја нападнало.
На местото веднаш пристигнале медицински екипи и бил повикан хеликоптер. И покрај брзата интервенција, жената починала од повредите додека била на пат кон хелидромот. Таа потекнувала од Каталонија и во Ајна била со семејството.
Дополнително, повреден бил и маж на околу 60 години, кој исто така бил погоден од бик, но за среќа, неговите повреди не биле смртоносни.
По овој трагичен инцидент, локалните власти одлучија да ги откажат убудувачките празнични активности за тој ден. Прославата, посветена на локалниот патрон, требала да продолжи и во следните денови.
Снимките од инцидентот се појавија на социјалните мрежи, но медиумите предупредуваат на нивната вознемирувачка содржина.

