in

Укратен луксузен гердан со 673 дијаманти, по некогашна сопственост на египетска кралица!

Screenshot

Од Музејот за применета уметност (MAK) во Виена е украден гердан украсен со 673 дијаманти, кој некогаш ѝ припаѓал на египетската кралица Назли. Овој накит бил дел од изложба посветена на француската луксузна куќа „Van Cleef & Arpels“.

Според австриската полиција, двајца мажи, кои купиле билети, влегле во музејот за време на работното време. Со употреба на чекан го скршиле стаклениот заштитен дел и го однеле вредниот гердан, по што побегнале во непознат правец. Безбедносните камери ги забележале осомничените без маски.

Герданот е изработен од платина и содржи повеќе од 200 карати дијаманти, а кралицата Назли го носела во 1939 година на свадбата на нејзината ќерка со идниот ирански шах Мохамад Реза Пахлави. Во 2015 година, накитот бил продаден на аукција на „Sotheby’s“ за околу 4,3 милиони долари, а денес се проценува на неколку милиони долари. Австриската полиција активно ги трага сторителите, а Интерпол го внесе украдениот накит во својата база на податоци за украдена уметност.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Лидија Вукиќевиќ се огласи од Сараево: „Доста бевме жртви, Србите не се геноциден народ!”

Сопругата на Лука, кој ненадејно почина во болница, открива трауматични детали од неговите последни часови!