По распродадените три концерти во Белград, легендарната Весна Змијанац доаѓа во Скопје со голем концерт како дел од својата јубилејна турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“.
Концертот, првично планиран во арената „Јане Сандански“, е променет за да се одржи во поголемата арена „Борис Трајковски“ поради огромниот интерес на публиката. Датумот останува истиот – 28 ноември, а веќе купените билети важат и за новата локација.
Весна Змијанац има впечатлива музичка кариера од пет децении, обележана со многу хитови кои се паметат од генерација на генерација. Нејзините песни продолжуваат да бидат дел од репертоарот на обожавателите во регионот, а оваа турнеја ја слави нејзината импозантна музичка историја.
Скопската публика ќе има шанса во живо да ги слуша нејзините познати хитови на овој значаен концерт посветен на нејзиното полувековно присуство на музичката сцена.
Билетите се достапни преку Kupikarta.com. Концертот е закажан за 28 ноември во арената „Борис Трајковски“.

