in

Зендеја го слави својот 30. роденден

Зендеја, една од најзначајните холивудски ѕвезди, денес, 1 септември, го прославува своиот 30-ти роденден.

Родена на 1 септември 1996 година во Оукленд, Калифорнија, таа изгради значајна кариера во филмската, телевизиската и музичката индустрија.

Јавноста првично ја запозна како тинејџерска ѕвезда на „Disney Channel“, а потоа се истакна со улогите во филмовите како „Spider-Man“, „The Greatest Showman“, „Dune“ и „Challengers“.

Носечкиот улога во серијата „Euphoria“ и донесе големо признание, при што доби две награди „Еми“, станувајќи една од најмладите актерки со таков успех.

Покрај актерството, таа се бави и со музика, а нејзиниот хит „Replay“ излезе во 2013 година. Позната е и по својот моден стил, редовно привлекувајќи внимание на црвените килими низ целиот свет.

Со 30 години зад себе, Зендеја влегува во нова фаза од својата кариера, а нејзината ѕвезда продолжува да свети посилно од кога било.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Саша Мирковиќ: Ја осудуваме секоја запалива реторика која ги загрозува народите

13-годишникот од Чаир се бори за живот по тешко повредување на градниот кош