Жена на возраст од 51 година од Бразил загина по комплицирана естетска операција која траела дури 10 часа. За време на интервенцијата, извршени се шест различни процедури на нејзиното лице и врат.
Според домашните медиуми, жената се подложила на длабок фејслифт, лифтинг на челото, корекција на брадата, операција на очните капаци, липосукција на вратот и инјектирање на сопствено масно ткиво.
По завршувањето на операцијата, нејзината состојба се влошила. Таа развила силен оток на лицето, имала проблеми со дишењето и се жалела на интензивни болки во вратот. Како што раскажала нејзината сестра, пред смртта, жената изјавила дека чувствува дека умира.
Медицинскиот извештај укажа на акутна тромбоза и белодробен инфаркт како причини за смртта. Семејството на покојната има сомнежи во постоперативната грижа и бара одговори за навременоста на медицинската помош.
Поради овој случај е покрената полициска истрага поради сомневање за ненамерно предизвикување на смрт. Хирургот, кој ја спровел операцијата, изрази жалење за трагичниот исход и посочи дека е потребно истрага за да се утврдат сите околности.
Овој случај повторно ја отвори дебатата за ризиците поврзани со комбинирањето на повеќе сложени естетски процедури во една операција, особено кога интервенцијата трае многу часови.

