Весна Змијанац со свои пет децении кариера и многубројни хитови ќе одржи голем концерт во Скопје на 28 ноември, во рамките на нејзината “Golden Tour – 50 години кариера”.
Концертот првично беше закажан во арената “Јане Сандански”, но поради големиот интерес од публиката, настанот е преместен во арената “Борис Трајковски”.
Иако локацијата се промени, датумот останува ист, а посетителите кои веќе купиле билети за старата локација можат да бидат сигурни дека нивните билети важат и за новата.
Незаборавната Весна Змијанац е почитувана на македонската естрада, а нејзиниот концерт во Скопје е повеќе од очекуван. Многу пејачи ја покажуваат својата почит и восхит кон неа, а со нетрпение ја очекуваат оваа голема музичка вечер.
Да потсетиме, продажбата на билети продолжува преку Kupikarta.com, а Скопје се подготвува за спектакл полн со емоции и хитови од богатата кариера на Весна Змијанац.

