Обожавателите на култниот филм „Роки“ на необичен начин ја одбележаа 50-годишнината од неговата премиера, поставувајќи нов Гинисов светски рекорд во Филаделфија, САД.
Вкупно 570 луѓе, облечени како легендарниот боксер Роки Балбоа, се собраа пред Музејот на уметноста во Филаделфија, на познатите скали по кои ликот што го игра Силвестер Сталоне трча во филмот од 1976 година.
За да учествуваат во рекордот, присутните морале да го пресликаат препознатливиот изглед на Роки: сива дуксерица, сиви тренирки, црна плетена капа и црни високи патики. За официјално признавање биле потребни најмалку 250 учесници, но собирот го надминал тој број повеќе од двојно.
Откако рекордот беше потврден, сите заедно се искачија по скалите и позираа за групна фотографија, повторувајќи една од најпознатите сцени во филмската историја.
Настанот е дел од големата прослава во Филаделфија по повод половина век од првиот филм „Роки“. Филмот премиерно беше прикажан во 1976 година и освои „Оскар“ за најдобар филм.


