in

Денеска се празнува Светите Јоаким и Ана – родителите на Пресвета Богородица!

На 22 септември, православните верници го прославуваат празникот посветен на Светите праведни богоотци Јоаким и Ана, родителите на Пресвета Богородица. Овој празник се одбележува веднаш по Рождеството на Пресвета Богородица, познат како Мала Богородица.

Според црковно предание, Јоаким и Ана долго време немале деца, но останале верни на својата вера и молитва. Во послетните години, добиваат ќерка – Марија, која подоцна станува Пресвета Богородица.

Јоаким потекнува од родот на царот Давид, а Ана од свештенички семејство. Нивната приказна носи пораки за верата, трпението, семејството и надежта, бидејќи долго време очекувале потомство.

Празникот е важен за верниците, а Светите Јоаким и Ана се почитуваат како заштитници и примери во семејниот живот и родителството.

Според календарот на Бигорскиот манастир, денес е мрсен ден, односно не е посен.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Дрејк наводно потрошил 365.000 долари за гаќи на Мајкл Џексон!

Денеска започнува есента!