На 26.09.2026, во 16:00 часот, во Полициската станица Карпош беше пријавено дека во канал, блиску до ограда на јавна здравствена установа во Бардовци, е пронајден човечки леш.
Увидот беше извршен од страна на екипа на СВР Скопје, а лешот беше подигнат и испратен на обдукција, соопштија од Министерството за внатрешни работи.


