in

Глобален прекин ги погоди Outlook и Teams, Microsoft најави постепено стабилизирање

Голем технички проблем во системите на Microsoft предизвика прекин во работата на повеќе популарни дигитални услуги, оставајќи многу корисници низ светот без нормален пристап до електронска пошта и алатки за комуникација.

Најсилно беа погодени Outlook и Microsoft Teams, а проблеми имало и кај други услуги од пакетот Microsoft 365, меѓу кои и Copilot. Дел од корисниците не можеле да влезат во своите профили, да испраќаат и да примаат пораки, ниту да ги користат вообичаените функции.

По неколкучасовниот прекин, од Microsoft соопштија дека состојбата постепено се подобрува и дека редиците со електронски пораки се приближуваат до вообичаеното ниво. Тоа значи дека пораките што задоцниле почнуваат постепено да се обработуваат и доставуваат.

Сепак, компанијата предупреди дека кај некои корисници сè уште може повремено да се појавуваат тешкотии, особено при пристап до услугите и при испраќање пораки.

Како причина за проблемот се наведуваат технички тешкотии во инфраструктурата на Microsoft, односно недостапност на дел од серверите, што довело до дополнително оптоварување на останатите системи.

Прекинот предизвика проблеми за бројни компании, институции, училишта и организации што секојдневно се потпираат на овие платформи за работа и комуникација.

Од Microsoft и натаму ја следат состојбата и работат на целосно стабилизирање на системите, додека корисниците постепено повторно добиваат пристап до услугите.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Северина на 5 декември доаѓа во Скопје со голем концерт во „Борис Трајковски“

Тамара Котевска доби престижно британско признание: „Приказната за Силјан“ освои награда на „Гриерсон“