Технологијата во Кина добива сè понеобични форми, а последниот иновациски потег изненади многумина на социјалните мрежи. Во некои јавни тоалети се инсталираа дигитални дисплеи кои го прикажуваат времето што посетителите го поминуваат во кабините.
Овој систем е создаден за подобрување на организацијата во јавните санитарни простории, особено на локации со голем проток на луѓе. Следењето на времето на користење има за цел да го намали времето на чекање и да овозможи поголема проточност.
Сепак, новината предизвика двосмислени реакции. Додека некои ја видат како практично решение за гужвите, други се загрижени дека ваквите дисплеи можат да создадат непотребен притисок врз луѓето, отворајќи прашања за приватноста.
Овој потег повторно отвори дискусија за границите на практичната примена на технологијата во личниот простор. Она што за некои е ефикасна организација, за други претставува инвазија во најинтимните моменти од секојдневието.

