in

Весна Змијанац го отвори големиот концерт во Скопје со „Невера моја“

Скопје вечерва е во знакот на безвременските хитови на Весна Змијанац. Една од најголемите музички ѕвезди на Балканот настапи пред македонската публика, а големиот концерт во арената „Борис Трајковски“ го отвори со песната „Невера моја“.

Веќе со првите стихови стана јасно дека публиката ја очекува посебна музичка вечер. Голем број обожаватели со нетрпение ја дочекаа својата миленичка, а изборот на песната за отворање уште еднаш потсети зошто нејзините хитови со децении се дел од животот на многу генерации.

Во арената се собраа бројни обожаватели што дојдоа да уживаат во песните што ги знаат напамет, со кои растеле, се вљубувале, тагувале и славеле. Токму во тоа е и посебноста на Весна Змијанац: нејзината музика ги поврзува генерациите и со години ја задржува својата препознатливост и емоција.

Овој концерт е дел од големата турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“, со која балканската дива одбележува половина век на музичката сцена. Пет децении исполнети со хитови, незаборавни настапи и песни што одамна станаа дел од балканската музичка историја.

Во арената „Борис Трајковски“, Скопје вечерва има можност да ужива во музичкото наследство на една од најпрепознатливите пејачки на овие простори. Според интересот и бројната публика, ова е вечер што долго ќе се памети.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Весна Змијанац: „Го сакам Скопје и секогаш сум среќна кога доаѓам овде“

Ацо Пејовиќ настапи на Јахорина, но снимка од празна сала во хотелот „Вучко“ предизвика реакции