Ацо Пејовиќ синоќа настапи на Јахорина и со својот концерт учествуваше во отворањето на зимската туристичка сезона.
Сепак, наместо впечатлив музички спектакл, на социјалните мрежи се прошири видеоснимка што прикажува сосема поинаква слика. На снимката од хотелот „Вучко“ се гледаат празни маси за време на настапот.
Кадрите предизвикаа многу реакции, особено затоа што од ваков настан се очекувала голема посетеност. Според видеото, Пејовиќ настапувал пред мал број присутни, додека поголем дел од просторот останал празен.
Ова кај многумина остави впечаток на неуспешно отворање на сезоната, а дел од корисниците на социјалните мрежи веќе коментираат дека настанот бил целосен промашај.


