Утрово на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сериозна сообраќајна несреќа, при што двајца возачи се повредиле. Несреќата се случила помеѓу две патнички возила и едно товарно.
Според информациите од МВР, инцидентот бил пријавен рано наутро, а на местото веднаш пристигнале надлежните служби.
„На 6 октомври околу 06:50 часот, незгодата беше пријавена во СВР Скопје. Во несреќата учествувале товарно возило „МАН“ со полуприколка, управувано од 59-годишниот К.Д. од Скопје, во комбинација со „Сеат“ управуван од 29-годишниот Т.Р. и „Фолксваген Пасат“ возен од 48-годишниот А.Ј., сите од Скопје. Повредени се 29-годишниот возач на „Сеатот“ и 48-годишниот возач на „Пасатот“, соопштуваат од МВР.
По судирот, повредените возачи биле итно транспортирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за лекарска помош.
Надлежните продолжуваат со истражување на причините за несреќата.

