Пејачката Марија Спасовска вчера го прослави својот роденден во опуштена атмосфера, окружена со блиски пријатели.
Таа одлучи да го одбележи празникот во ресторан, во друштво на луѓето со кои најмногу сака да ги споделува посебните мигови. На своите социјални мрежи, Марија сподели дел од атмосферата, при што роденденската торта доби посебно внимание.
Наместо голема прослава, пејачката се реши за поинтимно дружење, исполнето со разговори, смеа и убава забава.
Активна на музичката сцена, Марија продолжува да работи на свои проекти, а за неа најубавиот начин да го прослави својот посебен ден е опкружена со важните луѓе.

