Модната дизајнерка Моника Коцарева беше гостинка во емисијата „Fame Code“, каде во разговор со водителот Стефан Крстевски дискутираше за модата, стилот и трендовите што ги сака, како и оние кои никогаш не би ги носела.
На прашањето кои македонски јавни личности имаат најдобар моден вкус, Моника веднаш ја спомена својата блиска пријателка Викторија Лоба, за која имаше само позитивни коментари. „Викторија Лоба морам да ја спомнам. Таа е нежна и женствена“, истакна дизајнерката.
На нејзината листа се најде и Антониа Гиговска, која, според неа, има впечатлив стил и знае да носи модни комбинации, иако нејзиниот стил не е нејзин. „Антониа е многу впечатлива, дури и ако не е мој стил“, додаде Коцарева, упатувајќи пофалби за венчаницата што ѝ ја направила за нејзината свадба.
Кога Стефан ја праша дали има нешто што никогаш не би облекла, Моника се двоумеше да одговори, мислејќи на девојките кои можеби би го сфатиле на лош начин. Но, таа најпосле откри кои модни трендови не ѝ се допаѓаат. „Го мразам трендот со апостолки на штикла и хеланките до под колена со штикли ‘kitten heels’. Тоа не можам ни да го замислам за себе“, искрено изјави дизајнерката.
Нејзиниот одговор иницираше разговор за популарни модни трендови кои не одговараат на секој вкус. Моника нагласи дека личниот стил е прашање на индивидуалност и дека тоа што е модерно не значи дека секој тренд мора да се прифати. Целото гостување во „Fame Code“ нуди интересен поглед кон модата од перспективата на дизајнерка која точно знае што сака и што не би носела.

