in

Меланија Трамп ја отвори божиќната сезона во Белата куќа со празничен изглед вреден стотици долари

Меланија Трамп официјално го означи почетокот на божиќната сезона во Белата куќа, кога ја пречека годинашната божиќна елка. Традиционалната церемонија се одржа вчера во Вашингтон, а покрај елката, големо внимание привлече и нејзината модна комбинација.

За оваа пригода, Меланија избра впечатливо црвено-бело карирано палто од дизајнерката Габриела Херст. Станува збор за парче што таа веќе го носела и во декември 2019 година, на церемонијата на осветлување на Националната божиќна елка.

Многумина се заинтересираа и за цената на нејзиниот празничен изглед. Палтото од Габриела Херст во интернет-продавниците се нуди по цена од околу 850 до 900 долари.

Чевлите на „Dolce & Gabbana“ во впечатлива црвена боја чинат 1.150 евра, а во овој период се продаваат со попуст за 481 евро.

Наместо да избере сосема нова модна креација, првата дама повторно се одлучи за веќе носено дизајнерско парче, со што го повтори својот празничен стил од пред седум години.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Уште четири дена до концертот на Весна Змијанац во Скопје: „Борис Трајковски“ се подготвува за голема музичка вечер