in

Страшно невреме ја зафати Франција, четворица загинати во поплавите!

Южниот дел на Франција беше погоден од силно невреме, кое предизвика обилни врнежи и поплави, во кои животот го загубија најмалку четири лица, додека по едно лице сè уште се трага. Невремето предизвика значителни проблеми во многу населени места, а водата поплави улици, патишта и објекти.

Меѓу жртвите се две жени, на возраст од 26 и 86 години, чии тела се пронајдени во подрум во Лансон-Прованс. Животот го загубил и 75-годишен маж, кој бил одведен од надојдената вода во близина на Истр. Четвртата жртва бил патник во теренско возило, кое го повлекла надојдената река Фјуморбу на Корзика. Другиот патник успеал да се спаси.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатото лице, додека надлежните служби се соочуваат со последиците од невремето. На повеќе локации се пријавени поплавени улици и нарушен сообраќај, а дел од жителите морале да бидат евакуирани или привремено сместени на сигурни места.

Обилните врнежи предизвикаа нагло зголемување на водостоите, а властите предупредуваат дека опасноста не е целосно надмината. Службите за итни интервенции остануваат на терен и ги повикуваат граѓаните да ги следат официјалните предупредувања и да избегнуваат ризични подрачја.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Црвената е нејзиниот тренд! Јелена Спенџарска открива каква боја доминира во нејзиниот стил!

Голем проблем за Арсенал, повредата на Букајо Сака донесе загриженост!