in

Петнаесетгодишно момче од Гостивар спасено од реанимација по трагичен пад

Pетнаесетгодишно момче од Гостивар претрпело тешки повреди по пад од скалите во својот дом. По инцидентот, момчето било пренесено во болница без знаци на живот, но за среќа, лекарите успеале да го реанимираат.

Според полицијата, случајот е пријавен денеска околу 12 часот од Итната медицинска помош во Гостивар. Медицинскиот тим веднаш започнал со реанимација, која дала резултати и знаците на живот кај момчето повторно се вратија.

Поради тежината на повредите, момчето било итно транспортирано до Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје за дополнителна медицинска интервенција.

Јавен обвинител е известен за случајот, а надлежните органи извршиле увид на местото на настанот. Институциите работат на утврдување на сите околности во врска со падот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Грција воведува забрана за деца под 15 години на социјални мрежи, новите правила стартуваат во 2027 година!

Почнува сезона на слави од Петковден до Свети Никола