in

Трагедија во Турција: Експлозија во рудникот однесе три животи, а пет рудари се повредени

Тешка несреќа се случи во северниот дел на Турција, каде експлозија во приватен рудник за јаглен однесе три животи и повреди пет работници. Според турските медиуми, двајца од повредените се во критична состојба.

Експлозијата се случила на 23 октомври во рудникот во местото Гелик, во округот Килимли, во провинцијата Зонгулдак, на брегот на Црното Море. Во моментот на несреќата имало осум работници во рудникот, а веднаш по инцидентот спасувачките екипи биле испратени на местото.

Почетните извештаи говореа за два загинати и пет повредени, но подоцна е откриено и телото на осмиот работник, со што бројот на загинати се зголемил на тројца. Повредените рудари се пренесени во болница, при што еден од нив е во критична состојба, а двајца се здобиле со изгореници и се интубирани. Планирано е нивно префрлање во Анкара за понатамошно лекување.

На местото на несреќата интервенирале пожарникари, медицински екипи и спасувачки тимови специјализирани за рударски инциденти. Според првичните информации, експлозијата е предизвикана од руднички гас, односно запалива мешавина од метан и воздух, која може да се акумулира во подземните рудници. Причините и околностите на експлозијата ќе бидат расветлени преку истрага.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Почнува сезона на слави од Петковден до Свети Никола