Поради најавени работи на електродистрибутивната мрежа, утре, 26 октомври, жителите на општините Студеничани и Аеродром ќе останат без електрична енергија.
Прекинот во општина Студеничани ќе започне во 8:30 часот и ќе трае до 15:30 часот. Во овој период, струја нема да има во селата Вртекица, Рамни Габер и Пагаруша, како и во дел од Долно Количани.
Во Долно Количани, домаќинствата и другите корисници поврзани на трафостаницата „Долно Количани 2“ во реонот на Долно Маало Поле ќе бидат без струја.
Во општина Аеродром, жителите на улицата „Христо Татарчев“ ќе останат без електрична енергија од 9:00 до 14:00 часот.


