81-годишна жена од селото Стајковци во Скопје го изгубила својот живот по сериозна сообраќајна несреќа која се случила на улицата „Методија Андонов Ченто“.
Според податоците од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 26 октомври во 18:19 часот, кога патничкото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки удрило во Р.А. (81). Возилото го управувал И.С. (62) од Скопје.
Жената примила тешки повреди и подоцна починала во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е упатено на обдукција. Полицијата извршила увид на местото на несреќата.
Надлежните органи работат на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

